Бразилецот Фелипе Кутињо повторно ќе се врати на теренот во дресот на Ливерпул, на натпреварот против Севиља, во рамките на Лигата на шампионите.

Во центарот на вниманието на медиумите во Англија е Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, кој со недозволен прекршок го повреди бразилскиот голман Едерсон од Манчестер Сити. За среќа, Едерсон помина со лесни повреди, но ќе му биде потребно повеќе време за да се опорави по здобиената повреда. Садио Мане, по натпреварот јавно се извини и му посака на Бразилецот брзо опоравување, бидејќи го смета за квалитетен голман. Инаку, по црвениот картон на Садио Мане, Ливерпул беше инфериорен против Манчестер Сити и претрпе пораз од 5:0.

Бекот на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело на натпреварот против Леванте доби црвен картон и може да биде казнет со четири натпревари. Според дневниот весник „АС“, правилникот на шпанскиот фудбал предвидува суспендирање на два натпревара, но во случајот на Марсело, казната може да достигне до четири натпревари, бидејчи Бразилецот бил покажал високо ниво на агресивност и го повредил противникот. Ова може да биде втор случај во Реал, фудбалер да биде суспендиран со неколку натпревари, по добиен црвен картон. Роналдо беше суспендиран пет натпревари, откако удри судија.

Махир Тачи

Shpërndaj me