Кутија пури од личната колекција на некогашниот кубански лидер Фидел Кастро, е продадена на аукција во Бостон за 26.900 долари.

Заедно со дрвената кутија на која стои и потписот на Кастро со син фломастер, продадена е и негова фотографија која тој ја потпишал за филантропот Ева Халер во 2002 година.

Кутијата содржи 24 пури со жиг, а на дното на кутијата има ознака на производителот Тринидад Фундадорес. Овие пури се произведувале специјално за Кастро, почнувајќи од 1980 година.

Се до 1998 година, овие кутии од овие пури можеле да излезат од Куба само како подарок за некој странски државник.

Shpërndaj me