Промените во раководството на тетовска Шкендија се официјализираа и во Централен регистар. Со најновите промени, сега и официјално нов претседател е Агим Куртиши кој доаѓа на местото на Абдулменаф Беџети. Од Ф.К. Шкендија преку соопштение информираат дека повлекувањето на претседателот Беџети нема врска со слабите резултати на клубот. Тој веќе шест месеци барал да се се ослободи од обврските во клубот, се вели во соопштението. Инаку, Шкендија ќе продолжи со промените во стручниот и во раководниот штаб на клубот.

Shpërndaj me