Утре ќе се играат првите осминафинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија. Најинтересно се очекува да биде во Ѓорче Петров каде Работнички игра со Шкендија со почеток од 15 часот и 30 минути. Победникот на Купот, Пелистер ќе игра со Борец од Велес, Брегалница е домаќин на Победа, додека Кожуф ќе се сретне со Тетекс. Интересно се очекува да биде во дуелот меѓу Силекс и Академија Пандев додека Скопје игра со Еуромилк. Ренова силите ќе ги одмери со Струга Трим Лум. Дуелот Вардар – Шкупи е одложен поради учеството на првакот на Македонија во Лига Европа и не е закажан новиот датум кога ќе се игра овој дуел. Реванш натпреварите од осминафиналето се играат на 18 октомври.

Работнички – Шкендија

Пелистер – Борец

Брегалница – Победа

Кожуф – Тетекс

Силекс – Академија Пандев

Скопје – Еуромилк

Ренова – Струга Трим Лум

Вардар – Шкупи (одложено)

Shpërndaj me