Јавното обвинителство ги отфрли сите предлози на одбраната, освен предлогот да сведочи Шенас Мехмед, вработен во разузнавачките служби, кој се слуша како зборува со некои членови од групата.

Отфрлањето на барањата на одбраната се одбиени со образложение дека тие нема да ја променат фактичката состојба, а дел од нив не биле предложени правовремено.

Одбраната на прелиминарното сослушување побара како сведоци да бидат поканети високи државни функционери и членови на политички партии, како Али Ахмети, Артан Груби, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други.

Shpërndaj me