Конфедерацијата на синдикати во среда во пет минути до дванаесет часот ќе излезат на предупредувачки протест пред Владата. Тие бараат, министерството за образование и надлежните да седнат и да преговараат за повисока плата, усогласување на минималната плата, додатоци на плата и исплата на К – 15 и во јавниот сектор. Бараат и поголеми бенефиции преку колективните договори и нивно почитување во целост. Од овој и од Синдикатот на образование, велат дека ако не се најде решение, неизвесен е почетокот на второто полугодие од учебната година.
„ Секако дека највисокиот орган на КСС ќе расправаат кој ќе бидат тие други порадикални средства кои ќе се преземат вклучувајќи го и СОНК кој што најави дека почетокот на учебната годинаќе биде под знак прашање.“ – изјави Јаким Неделков – претседател на СОНК

„Мислиме дека членството е веќе подготвено и за порадикални синдикални чекори.“ – рече Благоја Ралповски – претседател на КСС

Упатија порака до надлежните да не вршат притисоци врз врз синдикалните лидери, оти како што велат правото на штрајк е Уставно загарантирано право. Неделков, вели дека сите кои ќе вршат притисок, ќе добијат кривични пријави. Велат и дека се свесни дека сеуште важи Законот за заменски наставници, што беше донесен во времето на ВМРО – ДПМНЕ, но се надеваат дека нема да има дополнителни комплкации посебно затоа што овој протест ќе биде мониториран од страна на „Меѓународната и светската конфедерерација на синдикати“. Претседателот на оваа синдикална организација Благоја Ралповски очекува и Сојузот на синдикати и сите останати да им се придружат на протестот.

Верица Павлоска

Shpërndaj me