Двочасовен обид да се пролонгира рочиштето заврши неуспешно за одбраната на обвинетите во случајот „Труст“, откако обвинителот од Специјалното обвинителство, Артан Ајро, лично им ги достави доказите на адвокатите. Поради тоа, мораше да почне главната расправа.

Труст“ е предмет со кој СЈО обвинува три лица и три компании за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, кој пред Судот изјави дека е невин. Истото го рекоа и останатите двајца, како и претставниците на претпријатијата „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“. Но, од СЈО велат дека имаат двајца сведоци кои во понатамошната постапка ќе ги потврделе доказите.

…Нема сработување на нешто што си дошол без валидна документација. Ризикот во којшто влегуваш со таква работа е твој. Ти сам знаеш дека влегуваш, но на криминален начин, ако те фатат после, ќе си ги вратиш тие 17 милиони евра“, рече Гаврил Бубевски – обвинител од Специјално јавно обвинителство.

Обвинителот Бубевски посочи дека ако се докаже дека екс-премиерот Груевски и екс-директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски го потпомогнале кривичното дело, бидејќи и нив ги има во објавениот прислушуван разговор за овој случај, можно е обвинението да се прошири. Судијката Лидија Трајковска – Замбевска, која е претседателка на судечкиот совет во овој случај, закажа десет термини за судење до Нова година.

Shpërndaj me