Отпочнување на преговори за зголемување на платитите и К – 15 за јавниот сектор бараат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Од таму велат дека ако не се отпочнат преговорите, веднаш по локалните избори закажани за во недела, ќе излезат на протести.

Ќе организаира протести пред надлежните институции кои се носители на споменатите состојби. Ќе се организаира генерален штрајк на ниво на сектори во јавниот сектор, вклучително и генерален штрајк на национално ниво во сите дејности.“ – изјави Благоја Ралповски – претседател на Конфередација на слободни синдикати

Тие велат дека барањата се одамна, а во минатите години молчеле затоа што имале дијалог со владата на Никола Груевски. Сега се решиле на радикални чекори затоа што според нив, во моментов Економско – социјалниот совет предводен од министерката за труд Мила Царовска на сите состаноци кани нерепрезентативни синдикати и невладини организации.

Ние пред три месеци алармиравме дека се нарушени партнерските односи помеѓу репрезентативниот синдикат и претставниците на власта, односно ресорните министерства. Затоа ние немаме друг начин за да искажеме незадоволство….“ – изјави Јоаким Неделков – потпретседател на Конфередација на слободни синдикати

Од министерството за труд и социјална политика со став дека Советот е отворен Синдикатот, но дека тој ги бојкотира седниците:

„Во однос на покачувањето на платите, се укажува дека досегашните решенија беа парцијални, нецелосни, неконзистентни, предлогот не е на линија на фискална консолидација на среден рок и намалување на јавниот долг, поради што треба да се пристапи кон системско решение врз основа на консултативен и партиципативен пристап, при што ќе бидат понудени основни начела за утврдување на плати.

Од овој синдикат велат дека логично е по зголемување на минималната плата да се зголемат и платите во јавната администрацијa.

Верица Павлоска

Shpërndaj me