Кога и да започне некоја расправа за главното дело на Карл Маркс, „Капталот“, на памет ми паѓа познатата реплика од филмот „Професионалец“ на Душан Ковачавиќ, во која Бора Тодоровиќ, кој ја толкува улогата на агентот на службата за државна безбедност на поранешна СФРЈ, Лука Лабан, на констатацијата на директорот на пропадната фирма и поранешен бунтовник против режимот, кого службата го следела  и прислушувала (го глуми Бранислав Лекиќ), дека книгата-досие за неговото полициско следње е дебела, одговара: „Не се дебели книгите, свињите се дебели, а книгите се опширни“.

Во содржинска смисла „Капиталот“ е дебела и тешка книга. Кога бев студент, „Капиталот“ беше задолжителна литература, но не во комплетното издание, туку во делови. Така оригиналот беше заменуван со негови интерпретации на домашните социјалистички економисти во форма на скратени изданија, скрипти и брошури, кои беа далеку од оригиналот.

Од друга страна поради тоа што беа пократки, на студнетите им беа по блиски „Комунистичкиот манифест“ или стилски непрокосновениот „18. бример на Луј Бонапарта“. Така „Капиталот“ остануваше не прочитан.

Се сеќавам на студентските анегдоти од тоа време кога на некој од тогашните функционери ќе им кажевме дека студираме политички науки, тие тоа сериозно ќе го прокоментира со зборовите „Маркс е компликуван!“. А ние во себе ќе си одговоревме: „Да, но во регалот“. алудирајќи на километри долгите собрани дела на Карл Маркс на полиците во становите на работничката класа и чесната интелегенција во социјалистчка Југославија.

Карл Маркс важи за еден од највлијателните, но и најоспоруваните мислители во севкупната интелектуална историја на светот. Меѓународната левица слави 150 години од издавањето на „Капиталот“ на Карл Маркс, книга со предвидувања што го промени светот и најопсежна научна и критичка анализа на капитализмот, која ги најави цикличните економски, финансиски и банкарски кризи на капиталимот што водеа до социјални револуции ширум светот, но и доаѓањето на глобализацијата и самоуништувачкиот економски поредок во светот.

Карл Маркс пред објавувањето, на „Капиталот“ работел на разлини концепти повеќе од 15 години. Првите нацрти на книгата ги направил во периодот 1863-1865 година. Неговите биографи откриваат дека првиот договор за издавање на книга, која подоцна ќе стане „Капиталот“, Маркс го потпишал со издавачот во 1845 година, но морал да го откаже договорот бидејќи ги пробил сите рокови, што често го правел.

По повеќе обиди Маркс решил да напише едно самостојно сеопфатно дело под заеднички наслов „Капиталот“, кое би содржело четири дела насловени „Процес на содавањето на капиталот“, „Процес на циркулација на капиталот“, „Севкупниот процес на капиталистичко производство“ и „Историја на теоријата“. Нацртот од 800 страни. кој подоцна го скратил, настанал само шест месеци пред конечната верзија на првото издание.

Првиот том на „Капиталот“, со поднаслов „Критика на политичката економија“ излегол на 14 септември 1867 година во угледната издавачка куќа „Ото Мајснер“ во Хамбург. Првиот том на „Капиталот“, според Маркс, бил продолжение на негоото претходно дело „Прилог кон критиката на полиитчката еконопмија“, што го објавил во 1859 година.

Во период од 50 години издавачката куќа „Ото Мајснер“ објавила 23 изданија на „Капиталот“, а од 1922 година издавачките права на ова дело на Маркс преминаа во сопственост на партијата на германските социјалдемократи.

За време на животот на Маркс излезе само првиот од трите тома на книгата, вториот том е објавен во 1885 година, а третиот во 1894 година. Двете постхумни дела ги уредил и објавил неговиот соборец Фридрих Енгелс врз основа на скиците и ракописите на Маркс и му го оставил авторството над делата.

Биографот на Маркс, Ролф Хосфелд во книгата „Карл Маркс, биографија“, објавена во 2009 година во Минхен, наведува дека првото издание на „Капиталот“ било продадено за четири години. Рускиот превод на „Капиталот“ се појавил во 1872 година во тираж од 3.000 примероци, што е двојно повеќе отколку во Германија. Истата година „Капиталот“ е преведен и на француски јазил и излегол во септември 1875 година. Англиското издание е објавено дури во 1887 година. Додека Маркс бил жив. објавени се две изданија на германски јазик во 1857 и 1872 годима.

Иако тоа е назначајна и најпозната книга на Маркс, таа во истовреме била и најслабо продавана меѓу неговите дела во моментот кога се појавила. Авторите на филмот за Карл Маркс, „Карл Маркс – филозофот кој го промени текот на историјата“, истакнуваат дека сличен бил случајот и со популарната книга на Зигмунд Фројд „Толкување на соновите“, која исто така е печатена во мал тираж и се продавала слабо, но нејзиното дополнително научно и интелектуално влијание било огромно.

Тестаменталната книга на Карл Маркс „Капиталот“ е преведена на речиси сите светски јазици и заедно со „Библијата“, „Потелото на видовите“ на Чарлс Дарвин, „Матеметичките принципи“ на Исак Њутн и „Значењето на релетивноста“ на Алберт Ајштајн, е меѓу најраспространетите книги во севкупната светска литература. „Капталот“ на Карл Маркс, заедно со „Државата и револуцијата“ на Ленин и „Краток курс за истројата на СКП(б)“ на Сралин, ја заокружува целината на трите највијателни марксистички книги.

На ексјугословенските простоеи „Капиталот“ први на српски јазик го превеле Моша Пијаде и Родољуб Чолаковиќ, додека отслужувале казни по затворите во Кралството Југославија. Нивниот превод на српски бил напишан врз основа на оригиналното германско издание на „Капиталот“ од 1890 година.

Првото делумно издание на книгата е отечатено во 1924 година, а првото целозно издание е објавено во 1933 година во Белград. Вториот и третиот том на „Капиталот“ се објавени во 1934, односно 1948 година. Најобемното издание на „Капиталот“ на вкупно 2.086 страници е издадено во 70-те години на минатиот век.

„Капиталот“ е наречен „Библија на економијата“ и „најпозната не прочитана книга во историјата“. која често повеќе е читана од противниците на Маркс, отколку од неговите прврзаници.

За социјалистичкиот и комунистчкиот свет „Капиталот“ е канонски текст на службената идеологија и има статус на света книга. Откако го предал делото на печатње Маркс на еден свој пријател му рекол: „Тоа е сигурно најстрашен проектил кој некогаш е фрлен врз буржоазијата“.

Карл Маркс спаѓа во групата на мислители кои најдобро од сите во целокупната историја на човековата мисла го анализирале, опишале и објасниле функционирањето на капиталистичкиот начин на производство. „Капиталот“ нагласува дека конструкциската грешка е во стуктурната природа на капитализмот, а не во некои негови национални и периферни обележја.

Денес е сосема јасно дека Маркс ја превидел флексибилноста на капитализмот и неговата способност за прилагодување на новите историски околности. Но, едно е сигурно. Тој прв меѓу теоритичарите и економистите ја увиде нескротиливата, противречна и самоуништувачка природа на раниот капитализам. Тој ги постави некои од најважните и најпровокативните прашања на своето време, почесто давајќи погрешни одговори и решенија и непотребни и избрзани предвидувања.

На 150-годишнината од „Капиталот“ на Маркс, оваа книга ја актуелизираат три лица на нашата општестевена и економска реалност: глобално-периферниот неолиберален капитализам, светската економска криза од 2008 година и постсоцијалиситчката транзиција. Во овој триаголник на глобалната економска географија, анализите, наодите и препораките на Маркс се уште претставуваат важно и поучно четиво.

Многумина аналитичари го сметаат францускиот економист Том Пикети за Маркс на нашето време, а неговата книга „Капиталот на 21. век“ од 2013 година, за брилијатно продолжение на марксовото истражување, но овој пат во услови на неолибералниот капитализам и неговата очигледна диспорпорција во распределбата на општестевното богатство и зголемувањето на нееднаквоста во совермените западни опоштества.

Сите најважни феномени на нашата транзиција, како „лоповската приватизација“, „тајкунското стопанство“, „побратимскиот капитализам“, „должничкото ропство“, „банкарскиот империјализам“, „генеричката сиромаштија“ и „нееднаквоста“, кои изворно не се среќаваат во опусот на Маркс. имаат совршено препознатливо потекло во неговата анализа на раниот капитализам.

„Капиталот“ е инспиративна книга која денес ни помага да размислуваме за посткапитализмот и за поинаква економска и општествена иднина на светот.

МИА, Независне новине – Бања Лука

Shpërndaj me