Со години луѓето го мерат својот коефициент на интелигенција т.н IQ (ај-кју), за да добијат доказ за тоа колку се “паметни”.

Во некои општествени кругови, се смета дека висок коефициент на интелигенција значи престиж и моќ. Имајќи го во предвид фактот дека коефициентот на интелигенција претставува способност на човекот да размислува и логички да резонира во исто време, да се има висок коефициент на интелигенција би значело дека некој е многу паметен.

Но, зошто тогаш луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат ментални и/или социјални проблеми?

Без разлика дали барате животен партнер или нов вработен за вашата фирма за да процените дали некој е комплетен како личност, покрај IQ, потребно е да процените и: коефициент на емоционална интелигенција EQ и коефициентот на витална интелигенција VQ.

Овие два нови индикатора се показатели на базични потенцијали кои личноста ги има, а кои дирекно влијаат врз начинот на кој личноста го живее животот, како работи, каков ентузијазам има, како комуницира, итн. Од степенот на развиеност на овие два индикатори, на некој начин можеме да го одредиме победничкиот, баналниот или губитнички став на личноста за себе, за животот, за работата или партнерите.

ЗНАЧИ, ЗА ДА МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ ВО ХАРМОНИЈА СО СЕБЕ И СО ОКОЛИНАТА, ПОВЕЌЕ НЕ Е ВАЖНО ДА ИМАТЕ ВИСОК IQ, ТУКУ ДА ИМАТЕ ИСТО ТАКА ВИСОК EQ И VQ . ВСУШНОСТ, КАКО И СЕ ВО ЖИВОТОТ, ТРИКОТ Е ДА СОЗДАДЕТЕ БАЛАНС НА ОВИЕ ТРИ “ЕНЕРГИИ”.

Што е коефициент на витална интелигенција – VQ ?

За да разберете за што зборуваме овде, да го земеме примерот на нашиот организам кој е систем во кој сите органи (срце, мозок, желудник, итн) заеднички работат за да може да останете живи. Сепак, иако сите ние ја имаме истата содржина во себе, тенденцијата за живот не е иста кај сите нас. Некои луѓе изгледаат како да имаат поголем апетит за животот. Нетрпеливи се, асертивни, динамични, превземаат ризик, понестабилни се од другите луѓе, итн. За овие луѓе велиме дека имаат висок степен на Витална интелигенција.
Зошто? Бидејќи нашиот степен за витална интелигенција е основен индикатор на нашиот идентитет! Тој ни го дефинира степенот со кој ние сме мотивирани да го негуваме нашиот животен план, тоа е тоа што не тера од внатре и не бутка да превземеме акција и делуваме потоа. Нашата Витална интелигенција е наш апетит за живот ! Ако имаме ислучително низок VQ постојано ќе се обидуваме да избегнеме тешки ситуации, бидејќи нема да имаме енергија да се соочиме со нив. Од друга страна пак, низок VQ е важен бидејќи ни обезбедува, базична контрола и трпение, особено кога се соочуваме со предизвици и тешкотии во животот.

Но, дали знаете дека виталната интелигенција се подига со редовно практикување на вежби за физичко и ментално здравје, еве на пример како што е јогата.

Што е коефициент на емоционална интелигенција EQ ?

Емоциите се манифестираат преку комуникацијата. Обично комуникацијата ја разбираме како рационален процес, со што преку зборови се пренесува некоја информација. Но, зошто тогаш информациите се забораваат или погрешно се разбираат. Тоа е затоа што вербалната комуникација поминува низ нашите емоции или чувства. А нашите емоции се начин на кој ние ги информираме другите за напредокот во нашиот живот.

Сите наши емоции укажуваат на различни апекти во нашиот живот, а нашиот конефициент за емоционална интелигенција го мери целокупениот потенцијал да продолжиме да живееме независно дали сме успеале во тоа или не. Колку повеќе имаме позитивен ЕQ, толку сме во подобро расположение и поголема е нашата шанса да преживееме и да се прошириме.
ЕQ го покажува степенот на нашите емоции во сега и овде моментот. Но, да не заборавиме тие се променливи и во некое идно време сигурно ќе бидат различни.

Бидејќи сопствените емоции ве известуваат за тоа на кое ниво сте со вашите животни цели, тие се рефлектираат на вашата работа и личниот живот. Така, се што ви се случува напредокот или падовите на личен план или работа, влијаат врз вашите емоции, а со тоа се создаваат нови. Свесно или несвесно луѓето ги манифестираат тие емоции каде и да се. Преку нив вие им кажувате на вашиот партнер, директор или пријател, како ви е во животот, дали добро или лошо. Токму поради ова емоциите се критичен чекор во комуникацијата. Оттука за да имате добра комуникација со другите, важно е да научите да комуницирате со себе, да ги читате сопствените емоции, желби и потреби! А за да го научите, ако сте љубител на долги разговори и анализи, може да одите во групи за психолошки раст и развој, додека за оние кои не сакаат да зборуваат за своите емоции со други луѓе, постојат други техники како на пример јога вежби со кои можете да ги видите сопствените емоции и да ги канализирате, се разбира со добар јога инструктор.

Оттука, емоциите и виталната енергија не смееме да ги игнорираме ниту кај себе, ниту кај другите. Лицата на нашите сoговорници ни зборуваат, нивниот ентузијазам или отпор исто така, исто како што и ние им “зборуваме’ на нив, преку нашето лице и тело! Вештината да умееш да го “прочиташ” соговорникот некои ја имаат во себе несвесно развиено, додека други пак ја развиваат свесно преку личен раст и развој. Како и да е, се може да научите и променете во животот, само ако доволно многу сакате !

Извор: хибрид.мк

Shpërndaj me