Ревизори од Европската Унија неколку месеци утврдуваат дали европските пари за земјоделството се искористуваат и на кој начин се делат. Од Платежната агенција вели дека со помош на словенечки експерти ќе се обидат да се искористат што поголем дел од предвидените средства. Засега, освен што е спорен начинот на поделба, проблем е и искористеноста на сретствата. Од ИПАРД 1 програмата склучени се договори за 18,1 милиони евра, а исплатени се 11, 1 милиони или само 27 проценти од 67 милиони.

Конечниот ревизорски извештај го немаме, но претпоставуваме дека не сме баш најсјани за жал…. Ние нема да напраавиме класичен копи пест на нивните програми, но ќе ги прилагодиме на нашите потреби со што сигурно ќе го зголемиме процентот на искористеност на средстват од ИПАРД. Од националната програма 90 до 95 % средствата се користат“, рече Никола Бабамовски – директор на Платежната агенција.

Бабамовски вели дека во наредниот период забрзано ќе работат на отстранување на забелешките од ЕУ.

Македонија има потреба да се зајакнат функциите на администрацијата но сепак и покрај оваа Македонија е на вистински пат со што ќе се подобри и можноста за искористување на овие пари“, изјави Бенедикт Јаренко – директор на Платежна Агенција Словенија.

За да се искористат европските пари, освен подобрување на начинот на распределба, ќе требаат и нови вработувања. Само во Платежната агенција има кусок од 100 вработени.

Верица Павлоска

Shpërndaj me