Инцидентите меѓу средношколците, според Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка, се поттикнати од политичките партии. Според податоците на оваа асоцијација, политичките партии од одредени причини ги злоупотребуваат децата. Подобрувањето на меѓуетничките односи во земјава може да се направи само со деконспирација на дневната политика.

Професорката Беса Арифи смета дека политичките партии треба да посветат поголемо внимание и да им дадат предност на меѓуетничките односи.

„Мислам дека е многу важно тие што ја прават политиката во Македонија и тие што управуваат со институциите на државата, на етничките разлики да гледаат како на предност, а не хендикеп и тие да не бидат злоупотребени за нивни дневни политички цели така како што сме навикнати досега да ги гледаме“. – изјави Беса Арифи, професорка

Активистката Виолета Петровска го обвини образовниот систем за влошување на меѓуетничките односи.

Проектот на Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка констатираше многу случаи на злоупотреба на ученици и нивна манипулација за потребите на дневната политика.

Адријан Керими

Shpërndaj me