Најдобриот скијач во светот Марсел Хиршер, стана олимписки шампион во дисциплината алпска комбинација. За 28 – годишниот Австриец, ова е втор олимписки медал после сребрениот освоен во Сочи. Во исто време, ова е прв златен медал кој австриските скијачи го освоија после 20 години.

Меѓународниот олимписки комитет преку нивниот портпарол Марк Адамс, најави дека 23 – те Зимски олимписки игри нема да продолжат. Поради тешките временски услови во Пјонгчанг организаторите беа принудени да откажат некои од натпреварите во повеќе дисциплини, така што повеќето поставија прашање дали овие игри ќе продолжат. Ние имаме многу време. Имаме резервни термини и често се поставува ова прашање, изјави портпаролот на МОК.

Се откри првиот случај на допинг на Зимските олимписки игри што се одржуваат во Пјонгчанг. Јапонскиот претставник во уметничко лизгање Кеи Саито беше фатен дека користеле забранети супстанци акеталозамид и агентите за антидопинг побарале да го напушти Олимпиското село. 21-годишниот Саито, кој е првиот јапонски спортист кај кој се утврди дека користел забранети супстанции на Олимписките игри, беше позитивен на допинг тестот пред да започнат активностите.

Сафет Адеми

Shpërndaj me