За ДУИ не важи принципот победник со победник. По вчерашните изјави на поранешниот премиер Никола Груевски дека овој принцип треба да се почитува, ДУИ го потсети на одлуката на централното претседателство, кое даде поддршка за новото мнозинство. Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи, вели дека последните резултати го ставиле под знак прашање принципот победник со победник.

„Прашањето на класично спроведување на принципот мнозинство со мнозинство, по резултатите од овие избори нормално дека се покажа дискутабилено. ДУИ својата последна и правосилна одлука ја има за да даде поддршка на новото парламентарно мнозинство со 67 пратеника“. – изјави Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ

Арифи вели дека наведениот принцип не е единствениот начин врз кој може да се изготви коалициски договор меѓу победниците од двата политички блока. Ставови како и Арифи имаа и други функционери на ДУИ. Потпретседателот Невзат Бејта прашан во врска со овој принцип, истакна дека победник со победник не се предвидува со Закон. По одлуката на ДУИ да не коалицира со ВМРО – ДПМНЕ, претседателот на оваа партија Никола Груевски во интервју за „Дневник“ истакна дека од сега секој што ќе се обиде да бара почитување на непишаниот принцип победник со победник, ќе биде избркан од седиштето на неговата партија. Сепак, тој вчера во телевизиското интервју, го промени ставот.

Принципот победник со победник беше поставен во 2007 година во мајскиот договор меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ. Тогаш Никола Груевски во својство на премиер, изјави дека станува збор за вербален процес кој нема тежина на документ. Овој принцип досега е спроведен во три наврати.

Адријан Керими

Shpërndaj me