Шефицата на бугарската дипломатијата, Екатерина Захариева е задоволна од напредокот во преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. „Тоа е билатерално прашање и се надевам на успех во преговорите меѓу Атина и Скопје со посредство на Обединетите Нации“ изјави денеска Захариева. Таа го најави состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидати за членство што ќе се одржи во Софија. Тоа според неа е сигнал дека Унијата се подготвува за проширувањето и дека уште во претпристапниот процес, земјите кандидати уште во предпристапниот период треба да бидат активни учесници во идната политика на ЕУ.

Shpërndaj me