Утре и во среда почнуваат возбудувањата во Лигата на Шампиони каде на програма се двојките од А, Б, Ц и Д групата. Дербито се игра во Шпанија каде Барселона го пречекува италијанскиот гигант, Јувентус. Во истата група, Олимпијакос каде игра Бесник Хаси играат против Спортинг Лисабон каде настапува Стефан Ристовски. Во А групата, „Црвените Ѓаволи“ играат со Базел, додека Бенфика силите ќе ги одмери со ЦСКА Москва. Во Б групата, Баерн се очекува да има лесна задача со Андерлехт додека ПСЖ гостува кај незгодниот Селтик. Во Ц групата, англискиот првак Челзи игра со Карабах каде настапува Анси Аголи, додека Атлетико Мадрид има тешко гостување кај Рома. Сите средби почнуваат од 20 часот и 45 минути.

Рома – А. Мадрид

Баерн – Андерлехт

Бенфика – ЦСКА М.

Селтик – ПСЖ

Челзи – Карабах

М. Јунајтед – Базел

Олимпијакос – Спортинг Л.

Shpërndaj me