Почна исплатата на земјоделските субвенции. Министерството за финансии денеска пушти околу 7,5 милиони евра пари за исплата на субвенциите од 2015 година и дел од 2016 – та година.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ:

Со ова целосно се подмирени обврските за исплата на субвенции за 2015 – та година. За 2016 – та година исплатени се 364 милиони денари, односно субвенции  за млеко и за оризова арпа.“

Од Министерството за земјоделство не кажуваат дали во текот на наредните денови ќе има и нова исплата на парите од државната помош за земјоделството. Земјоделците пет месеци ги чекаа субвенциите. Дел од земјоделците со кои контактиравме велат дека поголем дел од парите ќе ги вложат во раздолжување за посевите со новата реколта.

Директорот на Агенцијата за поттикнување на земјоделството и рурален развој Игор Златков ведли дека до сега, до Финансии испратил потпишани налози во врдност од околу 50 милиони евра, а до крајот на месецов треба да ги допотпише налозите за исплата на вкупно 84 милиони евра за исплата на субвенциите за земјоделците.

Верица Павлоска

Shpërndaj me