Тензична атмосфера на денешната собраниска пленарна дебата за законот за употреба на јазиците. Опозицијата прво побара предлогот да биде повлечен од дневниот ред. По еден час пауза, другата парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ, пак побара пауза. Претседателот на Собранието Талат Џафери не го одобри барањето. Тоа предизвика револт кај опозициските пратеници кои се обидоа да ја блокираат собраниската говорница и да спречат гласање на дневниот ред.

ВМРО-ДПМНЕ го обвиниа мнозинството дека законот за јазиците се турка само поради политички цели. Партијата на Никола Груевски смета дека незјиниот доскорешен коалициски партнер ДУИ го злоупотребува законот за јазици за да го релативизира сопствениот неуспех. Се бара законот да се врати и да се отвори за јавна дебата.

Седницата заврши по третата пауза која ja побара ВМРО-ДПМНЕ.

Адријан Керими

Shpërndaj me