Додека се чека предлог-законот за медиумите да го помине владиниот филтер Македонската радиотелевизија го реизбра актуелниот директор, Марјан Цветковски – така реши Програмскиот совет. Ваквиот чекор Владата го смета за продолжување на досегашното функционирање на јавниот сервис. Од Владата велат дека со донесувањето на новиот закон за медиуми, ќе заврши мандатот на Цветковски и на членовите на Програмскиот совет на јавниот сервис.

За реизборот на Цветковски реагира и Здружението на Новинарите на Македонија кое ваквата одлука ја смета за резултат на силниот притисок што врз членовите на Програмскиот совет го извршиле поранешните партнери од коалицијата ВМРО-ДУИ. Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите вели се доцни со носењето на новите законски решенија, но и дека предложените реформи се само површински.

Новиот предлог-закон предвидува соодветно регулирање на телевизиските права.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me