Британскиот министер за Европа Алан Данкан и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Лондон потпишаа Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

„Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа визија и да се справиме со предизвиците со кои заеднички се соочуваме“, стои во Заедничката изјава.

„Ова партнерство е подеднакво корисно за двете земји – за Македонија е инспирација што зад неа стои една од најстарите демократии, а за Велика Британија потврда за нивниот несебичен ангажман за зацврстување на демократијата. Обединетото Кралство останува силно присутна во регионот на Западен Балкан и поддржувач на членството на земјите од Регионот во ЕУ“, оцени Димитров.

Shpërndaj me