И денеска високо ниво на загаден воздухот во многу општини на земјата. Според мерните станици на Министерството за животна средина, голема концентрација на честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 имаше во општина Тетово, Кичево, Куманово, Центар, Гази Баба и населенето место Ректорат. И покрај ова, Град Скопје се уште не почна со спроведување на конкретни мерки против загадувањето на воздухот.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, изјави дека овој проблем е од витално значење, со кој се соочуваат граѓаните и дека ќе се надмине во следниот период.

Единствената конкретна мерка која е применета е инсталирањето на 12 апарати за пречистување на воздухот во една од градинките во Општина Центар, како донација од страна на Ротари Клуб Скопје.
Вчера, Министерството за животна средина и Град Скопје најавија неколку мерки кои би влијаеле на подобрувањето на квалитетот на воздухот, но се уште нема конкретен чекор во таа насока. Разни невладини здруженија и граѓаните упатија многу критики во однос на овие мерки велејќи дека се несоодветни.

Вјолца Алити

Shpërndaj me