Жестока дебата во Собранието на Албанија. Во својот прв говор во парламентот, лидерот на опозицијата, Лулзим Баша, го прогласи за неважечки договорот од 18 мај со Еди Рама. Но, од друга страна, тој рече дека политиката има потреба од длабоки реформи. Според него, владината програма Рама 2, е празна, и е доказ како владата ја напуштила и европската интеграција. Баша го обвини Рама бидејќи бара амнестија, за неодржување на ветувањето за 300 илјади нови работни места, бесплатна здравствена заштита, јавен ред и безбедност, намалување на даноците за 97 отсто, отворањето на пристапните преговори со ЕУ. Од друга страна, и поранешниот лидер на опозицијата, Сали Бериша го обвини Рама нарекувајќи го неговиот кабинет, Влада на дрога. Според него, преку нарко босовите и подземјето, премиерот Рама ги замолчувал своите политички противници.

Shpërndaj me