Европската Унија формираше група на високо ниво од 39 експерти за да се бори против лажните вести и дезинформациите на интернет, се вели во писмена изјава на Европската комисија. Оваа група ќе придонесе во развојот на стратегија на ЕУ за борба против феноменот „fake news“, а која ќе биде претставена во април 2018 – та.

„Преку заеднички напор, навистина верувам дека ќе бидат во состојба да идентификуваат ефикасни дејствија за борба против епидемијата на лажни информации и дезинформираност на интернет, со почит на нашите основни принципи“, коментираше комесарката на ЕУ за дигиталното и економско општество, Марија Габриел.

Shpërndaj me