Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре ќе престојува во Грција. Се претпоставува дека темите за разговор со грчките власти ќе бидат фокусирани на мигрантската криза, регионалните односи и енергетиката.

За време на посетата, се очекува Ердоган да има средби со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со претседателот Прокопис Павлопулос, како и со членовите на муслиманското малцинство во североисточниот дел на Грција.

Како што наведуваат грчките медиуми, мерките за безбедност за време на престојот на Ердоган во Грција ќе бидат засилени.

Грчките власти соопштија дека за време на неговата посета се забранети и демонстрации во центарот на Атина.

Shpërndaj me