Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говор во Парламентот на седница во спомен на жртвите од минатогодишниот неуспешен пуч, изјави дека ќе го потпише законот за враќање на смртна казна доколку му биде доставен, пренесува МИА.

„Ако таква мерка биде разгледана и усвоена во Парламентот, ќе ја потпишам без двоумење, рече тој

Ердоган учествувеше на седницата на која почна во 2:32 часот по локално време, времето кога Парламентот беше цел на напад на турски Ф-16 за време на државниот удар.

Турција вчера одбележа годишнина од неуспешниот обид за државен удар во кој загинаа 249 лица, а 2.100 беа ранети.

Турските власти го обвинуваат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен дека стои зад пучот и неговата организација ФЕТО.

Shpërndaj me