Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзлаес денеска го објави списокот од 19 ракометари што ќе патуваат на Европското првенство во Хрватска.

На списокот на шпанскиот стручњак се најдоа:

голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски;

бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски;

крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески;

пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски;

одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски.

Утре рано изутрина македонската експедиција заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија. Во Ц-групата се уште и Црна Гора и Германија, со кои Македонија се среќава на 15, односно 17 јануари.

Shpërndaj me