Најавата на Европската комисија дека ќе подготви стратегија за можно членство на Србија и Црна Гора до 2025 година и исклучувањето на Македонија од оваа стратегија е поразително, велат експертите. Универзитетскиот професор од Лондон, Адам Фаган, сепак вели дека тука не завршува приказната со Македонија за членство во Унијата. На конференција во Скопје во организација на Институтот за европска политика, беше наведено дека сите политички актери сериозно треба да се нафатат во спроведувањето на итните приоритетни реформи, потребни за интеграција во ЕУ.

Разочарувачки е, изгледа неправедно, но не сметам дека тоа е крај, тоа не подразбира “толку беше“, дека Македонија не може да оди напред до 2025. Мислам дека за другите држави од регионот кои се исклучени тоа е разочарување, но за Македонија е само еден дел разочарување.“ – изјави Адам Фаган, универзитетски професор, Куин Мери, Лондон

Од друга страна, поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, ја обвини владата дека во процесот на реализирање на реформите, не ги вклучува опозицијата и експертите. Затоа, тој од владејачката партија побара да се промени пристапот како се носат одлуките.

Условите што Македонија треба да ги исполни за членство во ЕУ се спроведување на реформи и решавање на спорот за името со Грција.

Анеса Салиу

Shpërndaj me