После Грција и Бугарија, министерот за надворешни работи Никола Димитров да ја посети Албанија и Косово, препорачуваат експертите. Универзитетскиот професор Беким Кадриу и Симонида Кацарска од Институтот за европска политика оценуваат дека Македонија треба да ги зајакне добрите односи со сите соседни земји, како предуслов за членство во ЕУ.

„Не треба да се стават настрана и билатералните контакти со соседните земји: со Република Албанија, Република Косово, како и со Република Србија. Сите овие контакти се важни за добрососедските односи и за позиционирање на Македонија и соработката со соседните земји, особено за заедничките проблеми што државите ги имаат, како што се проблемите со миграција и трговијата со луѓе.“ – изјави Беким Кадриу, универзитетски професор

Прашани дали форсирањето на дипломатијата, со неодамнешните билатерални средби во Грција и Бугарија, имаат за цел искрено да се воспостават добрососедски односи или се популистичка мерка, експертите одговорија:

„Ние не може да претпоставиме дека се популистичка мерка, напротив, мислам дека тоа е посериозен и поискрен пристап од претходната влада во врска со надминувањето на овие пречки што Република Македонија ги имаше со соседните земји кои се претставени истовремено и како пречка кон евро – атлантскиот пат“. – Беким Кадриу, универзитетски професор

Министерот Димитров присуствуваше на инаугурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и со него се сретна заедно со претседателот Ѓорге Иванов. Истовремено Димитров најави официјални посети и на Албанија и на Косово, но по формирањето на владите во двете земји.

Анеса Алити

Shpërndaj me