Експертите не гледаат ништо лошо во одлуката на Европската Комисија според која Македонија не може да стане членка на ЕУ пред 2025 година. Напротив, тие сметаат дека со оваа одлука, ЕУ на Македонија и дава доволно време да ги спроведе потребните реформи.

Јас мислам дека прашањето за евроинтеграциите не е прашање на време и јас не ги преферирам роковите многу. Македонија има конкретни задачи кои се нотирани во сите извештаи на европските институции, дури и на експертите кои биле ангажирани токму на тоа прашање“, рече Беким Кадриу, универзитетски професор.

Но, дали има можност оваа одлука да има контра ефекти, односно да создаде евроскептицизам кај граѓаните во текот на овој период на чекање.

Не, не верувам во ова. Ако кај граѓаните на Македонија не се роди евроскептицизам во последниве 10 години, не верувам дека сега постои таков простор за тоа. Напротив, моменталното расположение е попозитивно отколку што беше. И друго нешто, за да се појави евроскептицизам граѓаните треба да имаат друга алтернатива. А, таква алтернатива нема“, оценува Кадриу.

Департизација на институциите, владеење на правото и решавање на спорот за името со Грција се главните услови што Македонија треба да ги исполни за да почне преговори за членство во ЕУ.

Анеса Алити

Shpërndaj me