Владата треба своето внимание да го насочи кон економијата, бидејќи реалните ефекти од поранешната власт во оваа сфера биле многу мали, смета универзитетскиот професор и поранешен пратеник на СДСМ, Игор Ивановски.

Многу е важно фокусот да биде кон економијата, а не кон политиката.Во изминатиот период Македонија беше и е се уште преоптоварена со политичките ситуации и случувања кои директно се одразуваат негативно на економското функционирање. Владата во наредниот период треба да се фокусира на сите извори на средства и ефективно насочување во делот на инвестициите заради генерирање одржливи бизниси“. – изјави Игор Ивановски- професор на Економскиот факултет

Со сличен став е се и останатите експерти. Бараат Владата да му посвети поголемо внимание на бизнис секторот и да ја поттикне инвестиционата клима, особено на домашните компании.

На сцена треба да се врати бизнис секторот.Во изминатите години инвестиционата клима во Македонија беше многу нарушена. Иницијативите за инвестиција беа скоро никакви од страна на бизнис секторот.Околностите за отварање на фирми во почетна фаза беа скоро никакви.Тука треба новата влада да обрне малку повеќе внимание“. – вели Предраг Трпевски- професор на економски факултет

Универзитетскиот професор Борче Треновски вели дека владата мора да биде претпазлива во однос на најавените промени во даночната и во фискалната политика затоа што се работи за чувствителни прашања кои може да предизвикаат опасност од даночна евазија. Сепак, тој оценува дека тоа е предизборно ветување и власта мора да ги почитува и да го реализира, како и останатите проекти за кои се заложиле.

Минималната плата еве помина. Откако ќе се зголеми треба да ги видиме реалните ефекти во стопанството.За половина година или за една година од сега ќе можеме да даваме оценка дали таа ќе има реален ефект, односно дали се зголемија и останатите плати, дали се зголеми вработеноста или пак има негативни последици“. – смета Борче Треновски- професор на Економски факултет

И наредните неколку дена на актуелните теми од оваа сфера со свои сугестии и предлози, но и со коментари за политиките на владата ќе дебатираат експертите во рамки на седмата летна школа за млади економисти.

Мики Трајковски

Shpërndaj me