По најавите за интензивирање на преговорите за името, експертката по уставно право, Маргарита Цаца Николовска смета дека решавањето на ова прашање не може да биде само со одлука на владата. Според неа, треба да се вклучат и други институции.

Ардита Имери од Институтот за Европска политика вели дека за одлуката дали треба или не референдумот за решавање на името е неопходна дебата од сите страни.

“Модалитетите како ќе се прифати ова решение, како ова последна алтернатива ќе се пренесе кај граѓаните ќе биде политички избор. Ќе треба политичка одлука и мислам дека владата треба јасно да се произнесе како тоа ќе го стори. Она што ние како институт секогаш сме го велеле е дека процесот треба да биде инклузивен и да има консензус од сите страни“. – изјави Ардита Имери – Институтот за Европска политика

Премиерот рече дека изборните резултату му даваат дополнителна храброст за надминување на спорот со името. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат сличен став дека за решение на ова прашање граѓаните треба да се изјаснат на референдум.

Анеса Салиу

Shpërndaj me