ЕВН Македонија од почетокот на оваа година започна со испраќање на сметки и на албански јазик. Сметките на албански јазик беа возможни и порано, но само на барање на корисниците. Покрај тоа, сметките ќе бидат со нов дизајн кои ќе им овозможат на корисниците полесно читање на податоците на сметката.

Сметката содржи податоци за корисниците, потоа за потрошувачката на електрична енергија што е наведено во киловат час, и денари за ниска и висока тарифа. Исто така, се покажува процентот на пари што се плаќа за потрошената струја, како и совети за заштеда. Плаќањето на сметки може да се направи и преку Интернет избегнувајќи ги редиците на шалтери.

„Од јануари 2018 година, ве известуваме дека ЕВН Македонија направи идентификација на корисниците кои зборуваат на албански јазик. Ова го направи со цел да испрати сметки на македонски и на албански јазик истовремено. И покрај тоа сметките на албански јазик постојат веќе неколку години, но само по барање на корисниците. Поради сложениот процес на регистрирање, мислиме дека може би се направени пропусти, затоа ги информираме корисниците дека можат во секој момент да се упатат во ЕВН Македонија со барање за примање на сметки на албански јазик или за нивно анулирање“, рече Вјоса Селими – ЕВН Македонија.

Shpërndaj me