Здружението на лица со посебни потреби од Тетово, „Мобилност“, како донација доби возило од марката Фиат, адаптирано токму за превоз на лица кои користат колички за движење. Донацијата е од страна на компанијата ЕВН Македонија, со цел да се олесни движењето на овие лица. Директорот на ЕВН Македонија, Штефан Петер, рече дека Македонија е многу убаво место, но ниту малку не е лесно место за лицата со посебни потреби.

Живеам веќе три години како македонски државјанин и можам да кажам дека е убаво место, но не е лесно за луѓето со посебни потреби. Среќен сум што денес заедно со општината и неколку невладини организации, даваме придонес за решавање на еден мал проблем и да им го направиме животот малку полесен.“ – изјави Штефан Петер – Директор на ЕВН Македонија

Shpërndaj me