Домашната репрезентација со денешниот тренинг ги заврши подготовките во Скопје во пресрет на утрешниот дуелот со Норвешка. Од тактички аспект, тренерот Ангеловски и неговите соработници тестираа неколку опции на секој тренинг, како разни играчи би играле на секакви позиции. Стручниот штаб и фудбалерите се свесни дека ќе играат со противник чија најсилна страна се дуелите и играта во воздух.

„Го анализиравме противникот. Сите знаеме како играат скандинавските земји. Играат слично како Англичаните. Ние сме максимално подготвени бидејќи трениравме за игра со воздушни дуели“. – изјави Висар Муслиу- играч на Македонија

Овој контролен натпревар стартува утре во 18:30 минути.

Сафет Адеми

Shpërndaj me