На многу од нас, кафето ни е најдобар пријател, особено во утринските часови кога ни е потребно брзо расонување. Покрај вкусот во кој уживаме, кафето е докажано добар пријател на организмот и влијае позитивно на нашето здравје (секако, доколку се конзумира во умерени количини). Покрај добрата медицинска страна, кафето се користи и во козметички цели.

Денес, одбравме неколку примери.

Позитивно влијание на здравјето
Во 2002 година е направено истражување во кое е утврдено дека луѓето кои пијат кафе, имаат за 25% помалку ризик од развој на камен на жолчката.

Во 2011 година е утврдено дека жените кои пијат кафе, имаат за 20% помал ризик од развој на депресија.

Кафето може да ја поправи долготрајната меморија. Во 2005 година на едно истражување е утврдено дека 2 шолји кафе дневно имаат одлично влијание на памтењето.

Оние кои пијат кафе имаат помал ризик за развој на дијабетис тип 2.

Шведски научници истакнуваат дека кафето влијае и врз некои врсти на рак. Тие тврдат дека кафето го смалува ризикот од заболување на рак на гради, простата и јетра.

Кафето ја поттикнува работата на метаболизмот и помага за одржување на тежината, па дури и помага при намалување на килограмите.

Кафето ги подобрува физичките способности. Оние кои пијат кафе пред тренинг, имаат поголема издржливост.

Може да се употребува и како козметички производ
Маска против целулит.
Сочувајте го талогот од кафето и помешајте го со мед. Користете го како пилинг за лице и тело. Оваа комбинација особено е корисна за борба против целулит.

Како маска за коса.
Пред да ја измиете вашата коса, втријте го талогот од кафе и размачкајте низ целата коса. Оставете да делува неколку минути. После миење на косата, ќе забележите видлива разлика и сјај. Ова правило единствено не важи за русокоси, бидејќи може да ја затемни бојата.

Во домаќинството
Кафето помага при истерување инскети. Особено комарци. Онаму каде се појавуваат инсекти, оставете малку талог од кафе. Нив им пречи мирисот од кафе и веднаш ќе заминат.

За пријатна миризба во домот. Ставете малку кафе на тацна и оставете го покрај кантата за отпадоци. Веднаш ќе забележите дека кафето ја неутрализира лошата миризба.

Талогот од кафе помешан со вода е одличен пријател за хранење на земјата на цвеќињата.

 

Извор hybread.mk

Shpërndaj me