Директорот на депонијата Дрисла, Горан Ангелов, тврди дека печката за согорување медицински отпад, донација на Велика Британија, не загадува. Спротивно на неговиот став, британски „Гардијан“ уште во 2001-ва година предупреди дека, Обединетото Кралство и подарила на Македонија токсична печка која уште пред 17 години не ги исполнувала стандардите на островот. Откако јавноста беше запознаена со фактите околу печката, таа не работи во полна пареа. Ќе се поставуваат водни филтри кои ќе треба да го намалат загадувањето.

Ангелов најави дека до средина на годинава, ќе се набави нова печка за согорување медициснки отпад, која ќе ги исполнува еколошките стандарди. На терен пак, објектот каде треба да се постави е во фаза на карабина и се наоѓа спроти старата британска печка. Според информациите, годишно на Дрисла се согорува помеѓу 500 и 700 тони, медицински отпад, а уништувањето еден килограм чини 56 денари. Скандалот со токсичната печка го запали, црвеното светло кај невладините организации кои се занимваат со екологија. „Го Грин“ ќе бара на Дрисла да има отворени денови, каде граѓани ќе можат да направат увид во работењето. Имаат сомнеж дека во оваа печка освен медицински отпад се гореле и други опасни супстанци.

„Друг отпад, незнаеме колку, дали и од кого се горел и мислам дека тоа можеби покрева сомневање. Доколку се организараат овие отворени денови би можеле сето тоа да го расчистиме, доколку нема работи што придонеле за зголемено аерозагадување, тогаш ќе бидеме на чисто што се случува“ – изјави Антонио Јовановски, „Go Green“

По инспекцијата во Дрисла, депонијата беше казнета со осум и пол илјади евра поради неисполнување на еколошките стандарди. Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вчера убедуваше дека од 2013 – та до 2017 – та година, во земјава не е влезен медицински отпад од странство.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me