Околу шест часа траеше средбата меѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коциас со посредникот на ООН Метју Нимиц. Независно од времетраењето на оваа средба, се што беше кажано јавно е дека страните се решени да продолжат со напорите за изнаоѓање взаемно прифатливо решение.

По конструктивната средба која е дел од напорите за изнаоѓање прифатливо и заедничко решение за надминување на разликите во однос на името, министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под набљудување на Обединетите нации“, сооштија од МНР

Во австрискиот главен град, Димитров и Коѕиас за проблемот дебатирале и сношти, на одвоена средба, без присуство на посредникот. Грчките медиуми пишуваат дека нивната земја изготвила дел од нацрт-договорот кој е основа на преговорите во Виена. Неофицијално, преговорите ќе продолжат и на неформална средба на министрите за надворешни работи од ЕУ и земјите кандидатки за членство во Софија на 15 и 16 февруари. Доколку биде усогласен првиот дел од нацрт-договорот, според грчките медиуми за вториот дел ќе се расправа во Скопје, при првата посета на Коѕијас на македонската престолнина, каде тој ќе пристигне со лет од Атина, за грчката јавност да се увери дека е сменето името на аеродромот. Инаку, по премиерот Ципрас, и членови на неговиот кабинет зачестија со изјави во кои тврдат дека без уставни промени, тешко дека ќе се постигне решение на спорот.

Нашата позиција е јасна. Сложено име за општа употреба. Кога велиме за општа употреба мислиме и во рамки на границите на соседната земја. Кога велиме за општа употреба, предуслов е и промената на Уставот“, изјави Нектариос Санторинос, министер за поморство

Не се исклучува можноста набргу да има уште една средба меѓу двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас. Извори од Владата, вчера соопштија дека март може да биде пресуден месец за името и доколку договорот потфрли, не се исклучува можноста во преговорите да се вклучат и дипломатски олеснувачи.

Анеса Салиу

Shpërndaj me