Државната изборна комисија денеска почна со испорака на изборниот материјал како што се Избирачкиот список, печатите, гласачките ливчиња и гласачките кутии во сите општински изборни комисии во земјава. Потпретседателот на ДИК Реџеп Прекопуца вели дека досега, процесот на дистрибуирање оди според планот и дека немало нерегуларности.

Денеска започнавме со испорака на изборниот материјал. Морам да кажам дека се оди според планот. Процесот одеше добро, до сите општински изборни комисии, исто така, дистрибуиравме доверлив изборен материјал.“ – изјави Реџеп Прекопуца, потпретседател на Државната изборна комисија

Shpërndaj me