На Меѓународниот ден на оралното здравје, стоматолозите велат дека редовната хигиена на забите е многу важна за општото здравје на човекот.

„Оралната хигиена несомнено се одржува со миење на забите. Многу е важно миењето на забите наутро и навечер, но особено миењето на забите треба да се изврши за време на вечерниот период, бидејќи бактериите во тоа време се активираат повеќе и прават поголема штета“. – вели Ридван Џемаили, стоматолог

Џемаили препорачува да се посетува стоматолог најмалку два пати годишно. За здрави заби, според него, треба да се консумираат што помалку слатки, а што повеќе овошје и зеленчук.

20 Март, односно Светскиот ден на оралното здравје се одбележува во многу земји во светот со разни активности за освестување на граѓаните.

Анеса Алити

Shpërndaj me