Новото раководство на ФК Шкупи ги претстави новите четири засилувања кои беа ангажирано во јануарскиот преоден рок, со кои екипата од Чаир планира да обезбеди опстанок во Првата лига, а потоа и пласман на европската сцена. Оваа порака ја испрати првиот човек на Шкупи, Шефкет Демири при претставувањето на новите играчи. Демири додаде дека се во преговори со уште тројца играчи, од кои двајца од Македонија. Потпретседателот на клубот, Омер Буњаку истакна дека главната цел на „Гулабите“ следната сезона е трката за шампионската титула. Во меѓувреме, новите четворица играчи, но и другите поискусни играчи изјавија дека се подготвени да го дадат максимумот на теренот, со цел Шкупи да се врати на старите слави патеки.

„Клубот ќе биде конкурентен со Шкендија и со Вардар. Овие се првите засилувања и работиме на уште три засилувања додека се наоѓаме во Анталија. Верувам дека уште двајца – тројца квалитетни играчи ќе ни се приклучат“. – изјави Шефкет Демири- претседател на ФК Шкупи

„Задоволен сум што станав дел од Шкупи. Се работи за клуб со историја, голема традиција и жестоки навивачи. Се надевам ќе имаме успеси заедно“. – рече Рон Броја- играч за врска на ФК Шкупи

Shpërndaj me