Движењето Беса преку соопштение информираше дека постојат сериозни закани по животот на в.д претседателот на партијата Неџбеден Кахремани и неговото семејство.

Во сооштението се вели дека група насилници подготвуваат напад врз амбулантата на Кахремани и се повикани припадници на полицијата за преземање на безбедносни мерки.

Од Беса исто така апелираа нивните членови да не потпаѓаат на провокации.

Кахремани претходно обелодени дека тој и неговото семејство добиле закани по живот ако не се повлече од пратеничката функција, но не го откри идентитетот на заканувачот – настанот го пријавил во полиција.

 

Shpërndaj me