Овој мал робот е подготвен за голема авантура. Наскоро треба да слета на Месечината, а во моментов ги врши последните тестови на Земјата. Тимот “Теминдус” кој работи на овој проект е од Индија и е формиран во 2011 година. Нивната цел е да ја добијат наградата Google Lunаr Х.

“Оваа недела сме тука со Фондацијата за наградата Х и нашето жири, за да го оцени тимот и да видат до каде се технички. Ние сме во процес на набљудување на нивната технологија да се увериме дека се на вистинскиот пат кон Месечината.“ – вели Аманда Стилс, директор на GLXP

Заедно со ова акомпанија, во вселенската трка се и четири други тимови: Спејс L од Израел, Мун Експрес од САД, Синерџи мун од неколку земји и Хакуто од Јапонија. Наградата Google Lunar X е натпревар каде приватни роботски екипи треба да испратата мисија на Месечина, да пропатуваат 500 метри на нејзината површина и се вратат на Земјата со фотографии со висока резолуција. Победникот ќе добие 30 милиони долари.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me