Граѓаните имаат различни ставови за решавањето на прашањето за името. Некои граѓани анкетирани од Алсат М се оптимисти дека името ќе се реши во текот на оваа година, но инсистираат да се задржи името „Македонија“.

Но, некои анкетирани не веруваaт во брзо решавање на спорот.

Од друга страна, граѓаните Албанци велат дека ќе биде прифатлива промена на името, со цел земјата да го реши спорот и да чекори во процесот за интеграција.

„Да, мислам дека тоа ќе се реши и тоа наскоро. Зошто да не, што ни пречи? Да, треба да се смени името.“

„Да,мислиме дека треба. Политичарите ги знаат тие работи.“
„Да, доколку ќе биде во наш интерес ќе биде прифатливо за промена на името.“
„Нормално, да се смени е подобро. Ќе се решат некои проблеми. Моментално вака е никако“, рекоа дел од анкетираните граѓани.

Со интензивирање на преговорите за решавање на името, во Грција се најавени протести за да се спротивстават на употребата на името „Македонија“ во разговорите за решавање на проблемот, што ни го наметна нашиот јужен сосед.

Анеса Алити

Shpërndaj me