60 насто од исптаниците сметаат дека борбата против корупцијата е на ниско ниво. 47 % од нив како лоша ја оценуваат состојбата во правосудството.

Од институциите, граѓаните најголема доверба имаат во полицијата и во Специјалното јавно обвинителство. Ова истражување покажува дека земјава ќе има многу работа при отворањето на поклавјето 23 од пристапувањето кон Европската унија.

„50 проценти од граѓаните ценат дека нашиот правосуден систем не е подготвен за влез во Европската Унија. Имаме веројатно доста реална слика, меѓутоа ценат и дека ова треба да е приоритет за Владата во понатамошните реформи што значи има простор за работа“. – изјави Симонида Кацарска, Институт за европска политика

34% од граѓаните сметаат дека во земјава не се почитуваат основните човекови права, а 30 насто, пак, дека состојбата е добра. На прашањето како би ги рангирале по важност човековите права, поголемиот дел од испитаниците меѓу првите ги навеле слободата на изразување и на здружување и правично судење.

„Сите сме свесни дека правото на слобода и на изразување и правото на здружување беа во голема мера прекршувани од страна на институциите и од страна на власта.“ – изјави Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права

Истражувањето е спроведено со телефонска анкета во рамки на проектот „Мрежа 23 плус“ што го реализираат Институтот за европски политики и Хелсиншкот комитет за човекови права.

Алсат М

Shpërndaj me