Врховниот судија, Џемаил Саити кој воедно е и Претседател на здружението на судии, без одговор дали прислушуваните разговори треба или не треба да бидат доказ во судница. Не сакаше да ги коментира последните случувања во Врховниот суд, ниту рокадите во распоредот кој ги прави старо новиот шеф, Јово Вангеловски.

Саити нема информација ниту кога ќе продолжи прекинатата општа седница на која требаше да се одлучи по предлозите на Вангеловски бомбите да не бидат докази во судска постапка и СЈО да не може да поднесува барања за заштита на законитоста. Нова жртва на Вангеловски е судијката, Лидија Тасева. Кумот на Вељаноски за две недели два пати интервенираше во рапоредот. Претходно ја смени судијката Лидија Неделкова која требаше да одлучува за притворот на Сеад Кочан.

„Во однос на првото прашање да не кажам дека не е тема како вообичаено што кажуваат многу дискутанти, меѓутоа навистина не можам да ви кажам дали е закажана бидејќи немаме официјална информација кога би било продолжението. Сега ќе ви кажам, ќе ги прашате сепак надлежните, зошто јас сум само еден судија во Врховен суд и не можам да одговорам во име на тој што ги прави рокадите“, рече Џемаил Саити, врховен судија.

Shpërndaj me