Жителите на село Врапчиште протестираа против спортските обложувалници кои се наоѓаат во ова село и побараа нивно затворање. Тие го блокираа патот кој минува покрај објектот на Општина Врапчиште. Во поддршка на жителите излезе и градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, кој испрати порака до институциите на централно ниво да ја почитуваат волјата на населението. Организаторите на протестот, поднеле и петиција која е поддржана од 800 жители.

„Ние од тука пренесуваме порака до централните институции да преземат мерки и да ја почитуваат волјата на граѓаните. Ние ги молиме и граѓаните кои ги издаваат своите локали под кирија за активности како игри на среќа да ја почитуваат волјата на мнозинството и тие да бидат дел од нас, да не ги издаваат локалите за вакви намени“.  – изјави Исен Шабани, градоначалник на општината

„Сметам дека нема да дојде до следниот чекор, но сме ги предупредиле дека ќе се преземат и други мерки. Сега нема да ги кажам кои се тие, но тие се познати“. – рече Фатмир Решити, организатор на протестот

Shpërndaj me