Комисијата од Министерството за правда во петок ќе оди во Врховниот суд за да провери дали се правени злоупотреби на електронскиот АКМИС систем за распределба на предметите, донава неофицијално Алсат.

Комисијата веќе ги истражуваше системите во Апелацискиот и во Кривичниот суд. Првичните информации беа дека во скопска единица предметите се делеле на рака, а електронскиот систем, манипулиран. Паралелно истрага на софтверот во Кривичен има и Специјалното ообвинителство. Преку личен претрес на екс-шефот на овој суд, Владмир Панчевски, СЈО соопшти дека лично тој делел на рака нивни предмети кај судии за кои сметал дека му се од доверба.

Shpërndaj me