Необјавените песни на Џими Хендрикс, снимени меѓу 1968 и 1970 година, ќе бидат објавена следната.

„Експирианс Хендрикс“ (Experience Hendrix) и „Легаси рикордингс“ (Legacy Recordings) најавија денеска дека албумот на Хендрикс „Both Sides of the Sky“ ќе го објават на 9 март 2018 година. На албумот со 13 нумери се наоѓаат 10 никогаш објавени песни.

Хендрикс почина во 1970 година, во 28-та година од животот. Новиот албум е дел од трилогијата од архивите на гигантот на гитарската музика. „Valleys of Neptune“ беше издаден во 2010 година, а „People, Hell and Angels“ во 2013 година.

Shpërndaj me