ВМРО-ДПМНЕ продолжи со изборната кампањата во Делчево. Од овој град, ВМРО побара граѓаните да ја казнат Владата, која, како што рекоа, од ден ан ден се повеќе ја уништува економијата и ја остава Македонија во длабоки долгови. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги повика граѓаните на Делчево на 15 октомври да одлучат дали сакаат почеток на нова ера или сакаат економска криза. Груевски ја истакна потребата за нови работни места, обвинувајќи ја актуелната влада за бркање на странските инвеститори од државата.

Shpërndaj me