Исти обвинувања, но сменети улоги. Десеттина дена ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Владата на СДСМ дека непотребно ги задолжува граѓаните преку издавање на државни хартии од вредност. Денеска од оваа партија наведоа дека за неполни два месеци, СДСМ ги задолжил граѓаните за 70 милиони евра или со 1,7 милиони секој ден.

ВМРО-ДПМНЕ:

Згора на сето тоа, антиреформската влада на СДС предвиде задолжување на државата за 150 милиони евра кои сè повеќе од планираното. Граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови“,

…велат од ВМРО ДПМНЕ додавајќи дека граѓаните имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата толку многу се задолжува. Од Министерствто за финансии пак на обвинувањата одговорија дека граѓаните се раздолжуваат, а не задолжуваат.

Министерство за финансии:

Во текот на јуни и јули државата се раздолжи кон странски кредитори во вкупен износ од 82,2 милиони евра, а кон домашните кредитори 40,5 милиони евра или во вкупен износ од 122,7 милиони евра. Ова би значело дека граѓаните повеќе биле раздолжени, отколку задолжени“,

…велат од Министерството за финансии од каде додаваат дека се раздолжуваат кон кредиторите во странство бидејќи тие заеми се со големи камати, додека задолжувањето дома е евтино.

Ова е и причината што државата во моментов на домашниот пазар е задолжена со една милијарда и 400 милиони евра или за 30 милиони евра повеќе од долгот на 31.05.2017 кога дојде до промена на власта. За економистите пак овие задолжувањата не се спорни. Служат да се финансира буџетскиот дефицит кој со буџетот за 2017, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го одреди на нешто над 300 милиони евра. Но, тие предупредуваат дека новите задолжувања треба внимателно да се трошат.

Најпрво потребно е редовните обврски коишто доспеваат по основ на ДДВ, по основ на субвенции и планирани обврски да се сервисираат навремено, затоа што тоа понатаму ќе влијае и на бизнис секторот. На бизнис-секторот  многу е значајно да му се подигне ликвидноста и затоа навремената исплата на таквите обврски е од круцијално значење“, рече Благица Петрески, Фајнанс тинк.

Петрески предупредува да се внимава со брзината и начинот на раздолжувањето на државата.

Горан Теменугов

Shpërndaj me